X
 04.10.2022 Образование

Каде можете да поднесете приговор на резултатите за сместување бруцоши во студентските домови?

Министерството за образование и наука вчера ги објави листите со бруцоши кои добија место во студентските домови.

Студентите што ги нема на листите, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат да поднесат приговори во рок од пет дена од објавувањето на листите. Приговори се поднесуваат електронски на адресата studentski.smestuvanja@mon.gov.mk.

Во предмет (subject) во пораката наведете „Приговор на резултати од Конкурс за прием на студенти запишани во државните студентски домови“. Во телото на пораката напишете го приговорот, а истиот текст зачувајте го во ПДФ-формат и прикачете го (attachment) на е-пораката.

ТУКА имате урнек за приговор изготвен од Универзитетското собрание на УКИМ, кој веруваме дека ќе ви ја олесни работата. Потребно е само да ги промените годините и да го пополните со вашите податоци.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование