X
 30.01.2019 Наука

Во Сончевиот Систем забележана планета во зародиш

Астрономите открија небесно тело со радиус од 1,3 километар на крајот на Сончевиот Систем, што на некој начин беше предвидено пред 70-ина години, но досега зародиш на планета во нашиот систем конкретно не е забележан.

Вселенското тело е 30-55 астрономски единици оддалечено од Сонцето, близу, но надвор од орбитата на Нептун. Астрономската единица е средното растојание помеѓу Земјата и Сонцето, т.е. должина еднаква на 149.597.870,7 километри.

Научниците сметаат дека појасот познат под името Еџворт-Којперов Појас се состои од остатоци од формирањето на планетите. Поради малото количество Сончева светлина, астероидите и кометите во тој дел на Сончевиот Систем си останале какви што биле и пред милијарди години.

Според научниците, откривањето на ова небесно тело ја потврдува хипотезата според која таканаречени планети во зародиш достигнуваат мал размер во раната фаза на својот развој и потоа брзо ја зголемуваат својата маса.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука