X
 20.10.2020 Наука

Илон Маск: Изгледа нема друг живот во нашиот Сончев Систем

Потрагата заврши.

- Изгледа дека нема никаков живот во овој Сончев Систем - изјавил милијардерот и извршен директор на „Спејс-Екс“, Илон Маск, во неодамнешна објава на социјалната мрежа „Твитер“.

Очигледно тој мислел на живот надвор од Земјата. Сепак, тој признал дека можеби некаде во нашиот Сончев Систем се крие живот, но дури и тогаш не би бил сличен на животот каков што го познаваме.

- Можеби има живот под мразот на Европа, месечината на Јупитер, или екстремофилни бактерии под површината на Марс - додал Маск.



Во меѓувреме, научниците имаат неколку идеи за тоа каде би можело да се бара живот во нашиот Сончев Систем. Како што посочил Маск, ледените месечини како Енкелад на Сатурн и Европа на Јупитер би можеле да имаат живот во длабоките подземни океани, кој би бил заштитен од вселенско зрачење и други услови од дебелиот мраз.

Научниците заклучиле дека условите во овие океани би можеле да бидат поволни за живот. Освен тоа, тие откриле траги од органски соединенија на површината што би можеле да бидат состојки за аминокиселини, претходници на животински форми, на Енкелад. Други истражувачи откриле дека океаните на Европа би можеле да имаат сличен хемиски состав како солената вода на Земјата.

Кога станува збор за Марс, научниците се согласни дека доколку нешто има на планетата, тоа би било многу мало, односно во форма на бактерии. Неодамна, истражувачите открија фосфин во атмосферата на Венера, што може да биде знак на микробиолошки живот што се крие во облаците на планетата. Сепак, рано е да се носат заклучоци.

Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука