X
 13.11.2015 Наука

Астрономите го открија најоддалечениот објект во Сончевиот систем

Најоддалечениот објект во Сончевиот систем се наоѓа на оддалеченост од 15,4 милијарди километри од Сонцето, односно трипати подалеку од Плутон.


Се работи за нова џуџеста планета со име V774104, чие откритие било претставно на годишната конференција на Американското астрономско општество во близина на Вашингтон.

Потребна ќе биде уште цела година за да се утврди насоката на планетата, но се претпоставува дека планетата би можела да влезе во групата објекти кои кружат на работ на Сончевиот состав.


Најоддалечениот објект од Сонцето претходно беше џуџестата планета Ерис, која има една месечина и кружи по насока на оддалеченост од 5,7-14,6 милијарди километри од Сонцето.

За споредба, Земјата е оддалечена од Сонцето 149 милиони километри.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука