Компанијата „Нинтендо“ од своите мобилни видеоигри за уреди со оперативни системи Андроид и iOS досега остварила приход од над милијарда долари.
Најголем дел од овој приход е остварен благодарение на популарната игра „Fire Emblem Heroes” од 2017 година. Оттогаш таа заработила 656 милиони долари, повеќе од сите други игри заедно.
Тајната е во тоа што „Интелиџент системс“ постојано додаваат нови ликови, а некои од нив се сезонски тематизирани, достапни само одредено време. Сите тие се плаќаат, постојано се менуваат и така видеоиграта ѝ носи пари на компанијата.
„Fire Emblem Heroes” е всушност тактичка борба, позната и од други игри за конзоли, но во помал и побрз формат за играње „во од“.
Извор: МИА