X
 22.07.2015 Технологија

Запознајте го човекот кој сака да ви го врати детството

видео

 

Old-school видео игрите се сега огромен хит. Новите наслови како „Axiom verge“ го емулираат стилот на игрите на Супер Нинтендо, а повеќето модерни системи или паметни телефони ви овозможуваат да купите верзии на класичните наслови за да играте. Ја сакате „Galaga“ на вашиот ајфон? Ваша е.


Но, освен ако немате стари конзоли и застарени телевизори, не е лесно да се игра вистинска стара видео игра. Модерните изданија обично се исчистени, баговите се отстранети, додадени се нови функции и има промена на контролите. Меѓутоа, доколку сето ова е „измазнето“, тогаш дефинитивно не е оригиналната верзија на играта.

Но, Франк Кифалди сака да го промени тоа. Тој е извршен директор на компанијата „Digital Eclipse“ која е посветена на реставрација на класичните видео игри и враќање на колекцијата „Mega Man Legacy“. Колекцијата вклучува нови карактеристики, меѓутоа воглавно целта е да се репродуцираат шесте оригинални „Mega man“ игри, кои сигурно ќи помните кога во 90-те ги игравте на Нинтендо.

„Промената на било што во оригиналните игри, дури и помало поправање на нешто, нема да биде истото. Не можеме да одлучиме да исчистиме багови; всушност не е наше да одлучуваме. И дури и да е тоа што публиката го сака, јас мислам дека не треба да се поправа сега бидејќи и претходно било во играта. Во нашата компанија зачувувањето на првобитната состојба на играта е вистинска уметност која се сфаќа сериозно“, вели тој. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија