За сите оние кои сакаат да живеат во бајка, сега се чекор поблиску! Имено, во Велика Британија се продава најмалиот замок и тоа по доста разумна цена.
Станува збор за „Molly's Lodge“, замок кој се наоѓа близу селото Лонг Комптон во Варвикшир. Замокот бил изграден од познатиот британски архитект Едвард Блор во 1830-те.
Во внатрешноста можете да пронајдете целосно функционален дом со една спална соба, бања, дневна соба, декоративни скали и трпезарија. За сите оние кои се сериозно заинтересирани,
замокот чини 640.000 eвра, а доколку сте заинтересирани, повеќе информации можете да пронајдете
ТУКА.