X
 30.01.2022 Наука

Во Африка се гради ѕид од дрвја кој ќе го спречи ширењето на Сахара

Таканаречениот „голем зелен ѕид“ во Африка е симбол за надежта во борбата против климатските промени. Станува збор за иницијатива започната во 2007 година од страна на Африканската унија, која има цел да ги обнови пустите делови од континентот и да го трансформира животот на милиони луѓе во еден од најсиромашните региони во светот, Сахел.

Проектот предвидува засадување на линија од дрвја која би го спречила ширењето на пустината Сахара кон југ. Досега иницијативата ја поддржуваат 21 земја. Кога ќе биде завршен, зелениот ѕид ќе биде најголемата жива структура на планетата со должина од 8.000 километри. Тој треба да се простира од Сенегал на запад до Џибути на исток.



Досега се завршени околу 18 отсто од зелениот ѕид. Во Сенегал биле засадени над 12 милиони дрвја, а во Етиопија биле обновени 15 милиони хектари земја. До 2030 година треба да бидат обновени 100 милиони хектари земја, со што ќе се „впијат“ 250 милиони тони јаглероден диоксид од атмосферата.

Меѓу другото, иницијативата има цел да создаде 10 милиони нови работни места, да ја подобри сигурноста за храна и вода, да обезбеди пристап до обновлива енергија итн.

Кога ќе биде завршен, зелениот ѕид ќе биде трипати поголем од Големиот корален гребен.

Снимен бил и документарен филм за иницијативата. Трејлерот за филмот може да го погледнете во продолжение.


Извор: Green
Фото: Great green wall
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука