X
 08.09.2016 Економија

Ќе ни снема кафе

Ако се точни проценките на Климатолошкиот институт на Австралија, до 2080-та светот ќе остане без кафе.

Зрна кафе

Според истражување на институтот, заради промените предизвикани од глобалното затоплување, за 50% ќе се намали производството на кафе до 2050-та, а до 2080-та ќе се случи “изумирање“ на кафето.

Климатските промени и сега влијаат врз приносите, квалитетот и појава на болести на кафето. Не е само порастот на температурата што ќе им наштети на културите, туку климатските промени се очекува да се резултираат со ширењето на габи кои ги уништуваат растенијата.

Ако не се превземат мерки, производителите (во 70 земји) ќе немаат капацитет за адаптација во потопол свет, а заради тоа пазарот на кафе ќе стане непредвидлив и нестабилен, се наведува во извештајот.

Климатолошкиот институт на Австралија не е првиот кој предупредил дека кафето не го очекува светла иднина. На опасноста предупредија и научници од Кеw Gardens.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија