X
 30.03.2022 Технологија

Велика Британија ќе произведува злато од електронски отпад

Британската Кралска печатница на пари има план да изгради фабрика која ќе произведува злато од електронски отпад.

Фабриката ќе биде изградена во соработка до канадската компанија „Ексир“, која има патентирана технологија за вадење над 99 отсто од златото кое се користи во производство на лаптопи и телефони. Новата фабрика треба да создаде нов извор за скапоцениот метал во индустријата, меѓу другото.


Фото: Pixabay

Изградбата треба да почне месецов, а фабриката ќе се наоѓа во Јужен Велс. Таа треба да биде целосно во функција во 2023 година и ќе процесира до 90 тони графички картички неделно. Кога ќе биде готова, оваа фабрика ќе биде прва од овој вид во светот.

На овој начин ќе се произведуваат стотици килограми злато годишно, што ќе финансира околу 40 плати. Секоја година во светот се создаваат над 50 милиони тони електронски отпад, но помалку од 20 отсто од тоа се рециклираат. До 2030 година ќе се создаваат 74 милиони тони електронски отпад годишно доколку не се преземе нешто.

Извор: The engineer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија