Ова е еден од најпаметната изработка на периоден систем на елементите, изработен од ТЕD „Periodic Videos“, а неговата посебност е тоа што со кликнување на одреден елемент, се отвора кратко видео кое подобро ве запознава со значењето на тој елемент.
Освен тоа, во видеото можете да видите и разни експерименти и обиди со тој елемент. Така, на видеото за водород детално е објаснета причината за една од најголемите експлозии во историјата - експлозијата во нуклеарната централа Чернобил, а запаливоста на водородот е прикажана со помош на експеримент со балон.
Овој интересен периоден систем може да ви послужи како интересна
подготовка за часот по хемија.