X
 08.11.2023 Образование

Проект за медиумска писменост на Педагошкиот факултет - Битола

Во рамките на проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“ во организација на УСАИД, Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола започна со реализацијата на предвидените активности.

Основната цел на проектот е да се надградат и унапредат постојните програми по предметите Медиумска писменост, Медиумска култура во наставата и Лингвостилистика со содржини поврзани со медиумската писменост, со што голем број студенти ќе се запознаат со главните начела на медиумската писменост и ќе стекнат вештини за критичко размислување. Овие содржини, исто така, придонесуваат студентите да соработуваат меѓу себе, да пристапуваат до различни содржини на интернет и критички да ги анализираат и коментираат пред да ги споделуваат. Според тоа, студентите и полесно ќе ги препознаат дезинформациите со кои се соочуваат секојдневно.

1

Педагошкиот факултет – Битола, единица на УКЛО, со голема сериозност и одговорност пристапува кон актуелни теми поврзани со комплексноста на медиумската писменост во високото образование и пристапите за нејзина примена во образованието воопшто. Ова, особено затоа што медиумската писменост не е самостојна вештина, туку се учи низ континуирани обуки во кои се стекнуваат вештини за критичко размислување, ангажиран и рационален одраз и соодветна реакција на општествените проблеми - како одговор на „профитабилната“ индустрија со дезинформации.

2

Во рамките на проектот „Младите размислуваат“,  кој започна на 3 ноември 2023 г., предвидени се пет работилници. Покрај размена на искуства и мислења, анализа на различни содржини поврзани со медиумската писменост, ќе се изработи и прирачник по медиумска писменост. Прирачникот ќе се употребува во наставата по наведените предмети и ќе биде достапен и за пошироката јавност.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование