Одлични трикови од психологијата кои, доколку ги користите, и тоа како ќе ви го олеснат животот, и со кои ќе бидете чекор понапред од другите луѓе.
1. Дајте им избор без да им дадете избор - Ако сакате некој да направи нешто за вас, а не сакате да му дадете избор дали да го направи или не, едноставно дајте му избор да направи малку или да го направи целосно.
2. Меморија врз основа на сетилата - Пробајте го ова на едноставен начин. Гледајте филм кој никогаш не сте го гледале, додека играте игра која никогаш не сте ја играле на мобилен телефон. Следниот пат, кога и да го гледате филмот, ќе се потсетите на играта што сте ја играле.
3. Ако не можете да ги убедите, збунете ги - Ако на пример развивате апликација или веб страна која ќе ви помогне да нарачате храна од различни ресторани од избрани градови, не сите инвеститори ќе бидат заинтересирани. Затоа, вклучете непознати термини со кои ќе кажете дека ќе ги анализирате навиките во исхраната на луѓето во зависност од деновите, годишно време, викенди, празници, место, пол и други дефинирања на разликите. Кристофер Нолан го прави ова во неговите филмови со што ја збунува публиката со многу научни/технички детали.
4. Откријте ја личноста која ве прогонува - Имате чувство дека некој ве гледа но не сте сигурни? Обидете се да се прозевате, и истовремено гледајте се во оваа личност. Доколку и таа започне да се прозева, тогаш таа ве гледала, бидејќи прозевањето е заразно.
5. Групирана меморија - Ова генерално се користи за помнење на телефонски броеви. На пример, ако вашиот број е +9177997977, тогаш обидете се да го групирате: 77-99-79-77 и ќе ви биде полесно да го запомните.
6. Родителска мудрост - Ако сакате луѓето да ве сфатат сериозно, кажете им: „Вака мајка ми/татко ми ме научи кога бев мал“. Луѓето имаат тенденција да веруваат во советите од родителите.
7. Техника на постигнување - За да постигнете одредена цел, престанете да го визуелизирате крајот и започнете да го визуелизирате процесот за достигнување на оваа цел и иднината над целта. На овој начин луѓето работат понапорно од претходно.
8. Џвакајте гума за џвакање против нервозата - Кога треба да направите нешто што ве прави нервозни и сакате да се ослободите од нервозата, тогаш џвакајте гума за џвакање. Затоа спортските личности џвакаат мастика пред и понекогаш за време на играта. На тој начин го терате мозокот да мисли дека е во безбедна ситуација и дека нема за што да се грижи бидејќи јадете.
9. Чистење против анксиозност - Ако се чувствувате анксиозно и вознемирено, и не сте сигурно зошто се чувствувате така, тогаш земете исчистете ја куќата/собата/работната маса и вашиот мозок ќе мисли дека се' околу вас е добро организирано и се' ќе биде добро.
10. Забележете ја бојата на очите кога ќе сретнете некој - Ова е психолошки трик од учебник. Ако се обидете да ја набљудувате бојата на очите на некој, тогаш ќе имате подолг контакт со очите, а тоа кај луѓето внесува доверба.
11. Бидете личност од збор - Секогаш исполнувајте го вашиот збор. Ова не е некој трик, туку едноставно нешто со кое ќе ги натерате луѓето да веруваат во вас.
12. Оружје во дискусија - Кога дискутирае со некој, делувајте посмирено од другата личност. Ова може да предизвика тие да кажат нешто нерационално што можете да го искористите против нив.
13. Пристигнете порано првиот пат кога ќе се сретнете со некој - Не станува збор за точноста, туку личноста ќе помисли дека сте позаинтересирани и инвестирате во нив штом пристигнувате порано.
14. Давање храбра презентација - Ако сакате вашата презентација да биде запомнета, немојте да ставате многу фотографии. Ако не можете да дадете ефективна презентација без фотографии тогаш немате толкав потенцијал колку што сте очекувале да имате. Наместо тоа, додадете интересни приказни, хумор и завршете ја презентацијата со сериозна забелешка.
15. Забрането овошје - Забранетото овошј е секогаш е повкусни. Така што, ако сакате да му се допаднете некому, тогаш презентирајте се себеси како недостапни.
16. Епската техника за пребарување - Читаме од лево на десно, но кога барате нешто читајте од десно на лево. Така ќе се намалат шансите да пропуштите нешто.
17. Песна која постојано се врти во вашата глава - „Незавршените“ нешта остануваат заглавени во вашата глава. Така, следниот пат кога сакате песната да исчезне од главата размислете за нејзиниот крај.
18. Држете ја чашата со лева рака на забава - Луѓето сакаат топло ракување. Затоа држете ја чашата со лева рака за вашата десна да не биде студена.
19. Редослед на броење - Кога вежбате во теретана или нешто слично, тогаш подобро е да броите од назад 10-9-8-7-6. Поголема е веројатноста да ги извршите зададените серии на вежби.
20. Користете пцовки - Пцуењето може да ви помогне во вашите социјални вештини.