X
 08.11.2017 Живот

Трикови со кои можете полесно, побрзо и подолго да помните

Учиме додека сме живи, што значи цел живот, но и забораваме многу информации. Како што ќе стигнеме до позрелите години, учењето и помнењето се многу побавни, а за работите да бидат уште потешки, постојано сме бомбардирани со тривијални и бескорисни вести.

Во продолжение се дадени некои трикови што ќе ви помогнат подобро да ги помните работите.

1. Обидете се да го сфатите она што го учите. Работите што се разбираат до 9 пати побрзо се помнат.

2. Учете ги најпотребните информации. Правилно поставете ги приоритетите.

3. Имајте на ум: информациите на почеток и на крај најдобро се помнат.

4. Насочувајте го своето внимание од една на друга тема. Ако учите симултано слични работи, може да ги измешате.

5. Учете спротивни работи. Ако учите странски јазик, запомнете го зборот и веднаш научете ја неговата спротивност. На пример, ден и ноќ. Спротивностите полесно се помнат.

6. Направете своја „умна палата“. Идејата е да поврзете одредени работи со одредени места. На пример, ако сте во вашата соба, обидете се да го поврзете она што го учите со некој предмет. Повторете го тоа неколку пати. Потоа обидете се да се сетите како изгледа во вашите сеќавања, и повторете ги работите што сте ги научиле на таков начин.

7. Користете „поврзувачки зборови“. Поентата на оваа техника е да ја поврзете едната научена лекција со другата. Кога ќе се сетите на зборовите, автоматски ќе се сетите и на другите информации.

8. Поврзете ги новите зборови со оние што веќе ги знаете. Ако учите нов јазик, можете да ги запомните зборовите врз основа на она што веќе го знаете.

9. Измислувајте приказни. Ако морате да запомните многу информации по одреден редослед, обидете се да ги вметнете во приказната.

10. Ако е потребно, користете диктафон. Снимајте ги информациите што ги учите, преслушајте ја снимката неколку пати.

11. Визуализирајте. Користете го говорот на телото кога учите. Така ќе ги вклучите и мускулите во помнењето.

12. Изберете го само најдобриот материјал за учење. Не користете застарени книги и методи за учење. Изберете го оној метод што најмногу ви лежи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот