X
 30.05.2017 Култура

Како 1991 година засекогаш ја промени музиката

The Daily Beast“ ја избра 1991 година за најдобра во поглед на популарната музика, бидејќи речиси во сите жанрови изнедрила најмногу хитови. Тврдат дека е исклучително важна и дека го дефинирала новиот период во музиката.

Во почетокот на 90-тите настана новиот жанр „jack swing“ кој благодарејќи на хитовите на Џенет Џексон и Витни Хјустон стана планетарно популарен. Кон крајот на 1989, Џенет Џексон го издаде синглот „Rhythm Nation 1814“ кој доминираше на топ-листите. Витни Хјустон новиот жанр го промовираше со албумот „I’m your baby tonight“. За првото место на листите, покрај Витни Хјустон се бореше и Мараја Кери со својот албум „Emotions“.

„Born to sing“, првиот албум на групата „Ен Вуг“, беше хибрид помеѓу „new jack swing“ и „dance“ музиката, што веднаш им осигура популарност. Песните на „Ен Вуг“ сѐ уште одѕвонуваа од радио-станиците, кога излезе новиот албум на групата „Guy Teddy Riley“, „The future“.

Групата „New Edition“ се распадна, а обајцата пејачи, Ралф Тресвант и Џони Гил, продаваа повеќе од два милиони копии од своите албуми. Главни ѕвезди на музичката сцена станаа „Bell Biv Devoe“ со нивниот сингл „Poison“. Во тоа време, новиот жанр R&B полека го истисна „new jack swing“.

На врвот во тоа време беше групата „Boyz II Man“ со својот прв сингл „Motownphilly“, кој подоцна стана класика заради својот хип-хоп ритам комбиниран со акапела пеење. Американската група „Jodeci“ го прослави R&B жанрот со синглот „Forever my lady“, кој според стилот се разликуваше од стиловите на неговите претходници. „Jodeci“ се истакнаа и по својот имиџ. На стилот на претходниците кои негуваа имиџ на „бед бој“ групи, тие го додадоа елементот на улицата. Имиџот на уличната естетика подоцна ќе стане стандард во R&B музиката. 

И во хип-хопот 90-тите беа интересен вовед во новото десетлетие. Рапот полека добиваше елементи на поп музика и имаше поширок круг слушатели. Поп-рап сензациите како „MC Hammer“ и „Vanila Ice“ експлодираа во 90-тите. И двајцата издадоа албуми со хит песни кои никому не му излегуваа од главата.

Во 1991 година, авторите на песните одлучија да ја искористат популарноста на рапот. Така и групата „De La Soul“ со новиот албум се одрекоа од хип-хоп-хипи жанрот, која претходно негуваше и правеше хитови во поп-рап и хип-хаус стил кои во тоа време беа исклучително популарни.

Хип-хоп ѕвезда таа година стана „Ice Cube“ благодарејќи на групата „Naughty by nature“, која промовираше исконски уличен рап. Благодарение на својот „лут“ глас со кој го опишуваше животот во велеградот (Лос Анџелес), „Ice Cube“ беше најпосакуваниот рапер во тоа време.

Две најголеми рап групи на новата деценија станаа поранешната група на „Ice Cube“, „N.W.A.“ и групата „Public enemy“. И двете беа контроверзни, а нивните албуми станаа класика.

Поединечно, првите места на листите ги држеа 20-годишниот Тупак Шакур и 17-годишниот Нас. Тупак дојде во центарот на вниманието откако јавноста го исмеа „Ice Cube“ поради неговиот антисемитизам. Ново главно момче на постерите стана Курт Кобејн, пејачот на „Нирвана“, кој со својот хит „Smells like teen spirit“ ја отвори вратата и на другите рок групи како „Pearl Jam“.

Обете групи изведуваа гранџ рок. Во исто време, благодарејќи на песните „Losing my religion“ и „Shiny happy people“, се прослави и групата „R.E.M.“ и двете песни објавени во албумот „Out of time“. Иако најчесто се тврди дека успехот на алтернативниот рок се должи на „Нирвана“, неспорни се и заслугите на „R.E.M.“ за експлозијата на тој жанр.

Во 1991 година популарност стекна и групата „Red Hot Chili Peppers“, која го разви новиот звук панк-рап-треш-фанк. 1991 година на пазарот ги исфрли и групите од типот на „My Bloody Valentine“ и „Blur“. Во рок музиката, меѓутоа, не беше популарен само алтернативниот рок туку и хард рокот и веќе споменатиот гранџ. Најголемиот хард рок бенд на планетата во 1991 година стана „Металика“ со своите радио-хитови „Enter Sandman“ и „Unforgiven“. Истата година како новина се појави и ирскиот рок бенд „U2“.

Почетокот на попот во 1991 година го обележаа мегаѕвездите Принц и Мајкл Џексон. И двајцата таа година ги издадоа своите најдобри хитови: „Purple rain“ и „Bad“.

Гледајќи наназад, 1991 година навистина беше пресвртница во популарната музика, бидејќи тоа што беше популарно таа година, беше популарно цела деценија. Пред крајот на 90-тите, престана да биде чудно ако некоја рап ѕвезда станеше поп икона или ако рокерите почнеа да се облекуваат како тинејџери. Сите тие елементи беа претставени во 1991 година. Таа година се простивме од Фреди Меркјури и од Мајлс Дејвис. Таа беше година што промени сѐ!
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура