Супермаркетот „Ајсланд“ бесплатно ќе им дава прехранбени производи на своите потрошувачи на последниот ден од нивниот рок на траење, во обид да го намали отпадот.
Од
супермаркетот велат дека со иницијативата „Бесплатно на последниот ден од животот“ можат да им подарат над 1,3 милион продукти во вредност од 500.000 фунти годишно на потрошувачите со цел да се намали отпадот од храна.
Сите прехранбени производи нарачани и испорачани од „Ајсланд“ претходно имале рок на траење од најмалку два дена.
Ако нарачаниот производ е единствениот преостанат и има датум од истиот ден, ќе биде скениран, означен и ставен во количката како сите производи. Потрошувачот ќе биде информиран за бесплатниот производ пред испораката.
- Намалувањето на отпадот од храна ни е приоритет бидејќи продолжуваме да го намалуваме нашето влијание врз животната средина. Знаеме дека рокот на траење игра голема улога во создавањето вишок храна, така што ќе најдеме иновативен начин за да се избориме со овој проблем во нашите продавници и преку онлајн купувањето - вели управниот директор на „Ајсланд фудс“, Ричард Вокер.
Извор:
Walesonline.co.uk
Фото:
Wikipedia