X
 12.08.2021 Култура

„За нас музиката е шаренило“ - Бендот „Реприза“ ја промовираше песната „Шарен свет“

Факултети.мк ги поддржува и промовира младите талентирани и креативни луѓе и со објава на содржина посветена на нивните активности. Да им помогнеме да го добијат заслуженото место во земјава и во светот. Ги охрабруваме сите млади таленти да се обратат во нашата редакција за да можеме да го покажеме нивниот труд пред пошироката јавност

Ресенскиот рок-бенд „Реприза“ вчера ја промовираше најновата песна „Шарен свет“, за која велат дека е призма што ќе ја прекрши светлината и ќе ја распрсне во милиони нијанси во светот кој од ден на ден станува сè повеќе безбоен.

-Светот од ден на ден станува сè повеќе безбоен. Оваа песна претставува призма што ќе ја прекрши светлината и ќе ја распрсне во милиони нијанси. Музиката е спокој за некој, адреналин за друг, а шаренило за нас. Го попoлнува секој празен момент, го враќа секој заборавен момент и го обојува секој нов. Нашата душа е нашата палета. Ние ја преточуваме во музика и сликаме со тонови. Да го обоиме овој шарен свет. Да го распрскаме во секоја можна нијанса од спектарот на бои. Тие се безброј. Обојте го секој миг кој ви изгледа тажен. Музиката нема задача. Нема должност освен да допира до нашата палета - порачуваат од „Реприза“.

„Реприза“ е името на бендот на младите музичари Христијан Трајчевски, Борче Димовски и Мартин Димитриевски од Ресен. Тие на македонската сцена дебитираа во август минатата година, а „Шарен свет“ е нивната трета песна.

Во продолжение можете да ја слушнете песната.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура