Финска одамна е позната по квалитетот на образованието и секогаш е на врвот на листите на меѓународните натпревари. Сега се размислува како да се предава во дигиталната ера.
Наставниците користат паметна табла, учениците користат мини лап топ комјутери, а во училиштето има и 3Д принтери кои се користат во наставата. Децата истовремено се стекнуваат и со вештини во технологијата.
Речиси две децении Финска има репутација за најдобар образовен систем во светот. Позната е по високите академски резултати кај деца кои не почнуваат да учат во формално училиште до 7 години, на кои кратко им трае денот во училиштето, а имаат долги одмори, малку домашни задачи и немаат испити.
Сега Финска прави нов чекор напред што значи дека сака учениците да не се потпираат на книгите и училниците за да се здобијат со знаење. Во август 2016 стана задолжително да се учи поинтерактивно, при што студентите избираат тема за која учат и преку извори надвор од училиштето. Со овој начин на учење целта е да се здобијат со вештини кои се потребни во 21 век, а исто така и да размислуваат сеопфатно, но и за проблемите со кои се соочува светот, како глобална криза, миграција, економија и сл.
Што е необично за финскиот образовен систем?
- Предавањето е многу почитувано и е добро-платена професија.
- Нема училишни инспекции или евалуации на професори.
- Училишниот систем е многу централизиран и повеќето училишта се финансирани од државата.
- Времето поминато во училиште дневно е кратко и летниот одмор е 10 недели.
- Децата се оценувани од нивните наставници. Единствениот испит на ниво на држава е за оние кои продолжуваат да учат по 18 години.
- Просечната големина на училиштата е 195 ученика, а на класевите 19 ученика.
- Успехот се должи на традиционалното високо мислење за учење и читање, како мала многу хомогена популација.
- Иако се сѐ уште високо на листата, Финска се лизга надолу по ранг листите на ПИСА во последните години.
- Исто како и другите нации, се соочува со проблеми како финансиски ограничувања и зголемена имиграција.