Научници штотуку известија за откривање 20 нови животински видови во боливиските Анди. Освен тоа, во пределот биле забележани растенија и животни што не биле видени со децении.
Долината Зонго, која се наоѓа помеѓу главниот град на Боливија, Ла Пас, е позната како „срцето“ на регионот. Во планинскиот предел живеат многу животни и растенија.
Помеѓу високите шуми во оваа долина неодамна биле откриени нови
животински видови, меѓу кои видови на змии, жаби, орхидеи и пеперутки. Откритијата биле објавени неделава, а биле направени за при 14-дневна експедиција во 2017 водена од Тронд Ларсен од непрофитната еколошка група „Конзервејшн интернешнал“.
Ларсен открива за Си-ен-ен дека неговиот тим не очекувал да открие толку нови видови и да пронајде видови за кои се сметало дека се исчезнати. Меѓу другото, научниците откриле екстремно отровна планинска змија, минијатурна жаба долга 1 сантиметар која се камуфлира во мовта и почвата и орхидеја која ги имитира инсектите, мамејќи ги да пренесуваат полен.
Откритијата ѝ се нови на науката, но овие видови им се познати на домородците. Новооткриен бамбус веќе се користел од страна на локалните жители како градежен материјал и за изработка на музички инструменти. Научниците забележале и видови што не биле забележани со децении, како жаба со црвени очи која последен пат била видена пред 20 години и вид пеперутка последен пат видена пред 98 години.
Од еколошката група што стои зад откритијата велат дека тие треба да ги поттикнат властите да ги заштитат ваквите региони.
Автор: Алаја Харис
Извор:
cnn.com