Има многу добри причини за избор на користен мебел, а ако се двоумите, можеби ќе ве убедиме и ќе им дадете шанса на пазарите и огласите бидејќи таму често можете да најдете вистински богатства.
Многу квалитетни работи
Ако најдете старо парче мебел кое постои неколку години и изгледа многу добро, тоа значи дека е квалитетно и го издржало тестот на времето. Дури и ако стилски не се вклопува во вашиот ентериер, размислете да му дадете малку љубов преку реставрација, па така ќе завршите со парче уникатен и исклучително квалитетен мебел.
Заштеда на пари и намалување на отпадот
Индустријата за мебел е огромна и потребни се многу ресурси за да се направи парче мебел. Со купување половен мебел, покрај тоа што ќе го намалите отпадот, сигурно во многу случаи ќе заштедите, за разлика од купувањето ново парче во продавница. Исто така, нема да морате да се мачите со рециклирање купишта картон, стиропор и пластика.
Без чувство на вина
Кога купувате нешто ново, често се чувствувате виновни поради тоа и колку и да не ви одговара повеќе во вашиот простор, тешко ќе се ослободите од такво парче мебел. Кога купувате работи од втора рака, многу е поголема веројатноста да платите фер цена, а ако се премислите, ќе можете да го препродадете предметот за слична цена.
Раскажување приказна
Она што е сигурно е дека користениот мебел има многу повеќе карактер отколку новиот и секогаш има интересна приказна зад себе. Зарем не е погодно една малечка масичка да биде искра за почеток на одличен разговор?
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik