X
 30.06.2026 Живот

Видео: Берлинската полиција со водени топови ги разладува граѓаните и туристите

Берлинската полиција вчера распореди два водени топа на улиците на главниот град за да ги разлади граѓаните и туристите за време на првиот топлотен бран во Германија, кога температурите достигнуваа над 40 степени.

Водените топови кои обично се користат за обезбедување јавни собири и демонстрации овој пат служеа за освежување на граѓаните, при што млазовите вода беа со значително послаб интензитет отколку при полициските интервенции.

Возилата поминаа покрај најпознатите знаменитости на Берлин, вклучувајќи ги Бранденбуршката порта, Потсдамскиот плоштад и зградата на Рајхстагот, каде што наидоа на позитивни реакции од граѓаните и туристите кои бараа начин да се разладат.

Германија веќе неколку дена е погодена од силен топлотен бран, со температури кои се приближуваат до 40 Целзиусови степени или ги надминуваат.

Извор: 021.rs
Фото: Screenshot/YouTube

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот