X
 29.06.2020 Живот

Концертите се враќаат во Македонија!


Комисијата за заразни болести денеска дозволи да се организираат настани, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, кои биле заедно на состанок минатата недела, и како што рече Филипче, донеле еден навистина солиден протокол со строго контролиран влез.

„Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски. Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат“, рече министерот.

Б. НЕСТОРОСКА

Наскоро ќе има концерти во Македонија. Како што соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, Комисијата за заразни болести дозволила да се организираат настани, секако, со протокол. Картите ќе мора да се продаваат електронски, капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде што се организира настанот, а задолжително да се носат и маски. 

Од „Авалон продукција“ веќе најавуваат одлична концертна понуда за август и септември, а повеќе детали ќе објават следната недела.

- Успеавме да се договориме со Министерството за здравство концертите да се вратат во Македонија под повеќе од достоинствени услови за публиката да може да ужива, а сепак по протоколи (заштитни маски и скратени капацитети) за безбедно одржување! „Авалон“ се враќа со одлична концертна понуда за август и септември - open air. Сите детали ќе бидат објавени следната недела. Време е за нешто убаво и ова лето - истакнаа од „Авалон“.

Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот