X
 30.07.2018 Наука

Најголемата колонија на кралски пингвини во светот e речиси пред исчезнување



Колонијата на кралски пингвини на островот Кошон во архипелагот Крозе на Антарктикот, која се сметаше за најголемата на светот, во последните 35 години се намали за 90 проценти, предупредуваат научниците.

Од почетокот на 80-тите години од минатиот век до денес, „колонијата се намалила за 88 проценти, од околу 500.000 на 60.000 двојки за размножување“, пишува во студијата објавена во научното списание „Антарктик сајанс“.


Пингвин
(Фото: Pixabay)


Со оглед дека за еден пар се сметаат четири животни (родители и две младенчиња), тоа значи дека на островот живеат околу 24.000 кралски пингвини.

„Тоа е страшно намалување“, истакна Хенри Вејмерскирш, главниот автор на студијата. „Ако причината е во околината, тогаш дури сега ништо не е јасно.“

Колонијата што била откриена во 60-тите години од минатиот век, се наоѓа во природен резерват во Јужните француски територии (TAAF). Од 80-тите година, се смета за најголема колонија на кралски пингвини на светот.

„До оваа студија, популацијата на кралски пингвини во делот од Јужниот Океан се проценувала на 1,5 милиони двојки за размножување.“

Лошите вести што стигаат од овој антарктички осторов „значат дека сме изгубиле речиси една третина од глобалната популација кралски пингвини“, истакна Вејмерскирш.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука