Луѓето се многу среќни и често несвесни за она што го имаат на планетата. За жал со зголемувањето на жителите и забрзаниот начин на живот сѐ повеќе ресурси исчезнуваат, а ова се работите кои наскоро и нема да постојат, како што велат стручњаците.
Сардини
Многу здрави, и до сега лесно достапни, овие морски риби исчезнуваат со голема и алармантна брзина. Според студиите нивниот број во Пацификот е на раб на колапс, кој од 1,8 милиони метрички тони во 2006 паднал на 100 илјади тони во 2016. Истиот феномен се случува и во други мориња, а причината е претераниот риболов и уништувањето на нивниот екосистем.
Хелиум
Повеќето луѓе знаат дека хелиумот е магичен плин кој им овозможува на балоните да летаат и кој го модификува човечкиот глас. Научниците велат дека нему му се заканува исчезнување, а ова не е лоша вест само за љубителите на летање со балон. Тој се користи за заварување, во индустријата за полуспроводници и како гас за проверување на истекувањата кај резервоарите за висок притисок, како и кај серија научни експерименти.
Квалитетно кафе
Ако продолжи растот на температурите на Земјата се претпоставува дека кафето ќе исчезне до 2080 година. Според извештајот од Институтот за климатски промени до 2050 година половина од тековното земјоделско земјиште на кое се одгледува кафе ќе биде целосно бескорисно затоа што поради температурите ќе има прекумерно размножување на габи и штетници. Ова во главно се однесува на Арабика кафето.
Чоколадо
Производството на чоколадо е скапо и одзема многу време: какаото созрева 5 години, жетвата е тешка и мора да се прави рачно. Исто така мора да се одгледува само во области околу екваторот каде земјоделците се платени со 80 центи на ден, а се користи и детската работна сила. За многу скоро се очекува да порасне цената на работната рака што значи дека земјоделците ќе се соочат со загуби, а ќе заврши масовното производство. Се претпоставува дека тоа ќе се случи до крајот на 2020 година.
Сланина
Веројатно Ве чуди која е причината што сланината се наоѓа на оваа листа: Комбинацијата на фактори како што се сушите, епидемите на дијареа кај свињите и намалувањето на производството поради намалени губитоци. Ова не значи дека потполно ќе исчезне, но цената сигурно ќе расте.
Нафта, јаглен, уран, плин...
ЕУ знае дека човештвото ќе ја потроши последната капка нафта на 22 октомври 2047 година во 20 часот и 58 минути. Потоа следува природниот плин до 2068 година, јагленот до 2140, а уранот до 2144. Главната претпоставка на овие пресметки е дека потребата за енергија нема да расте, дека нема да се зголеми уделот на обновливите извори на енергија, ниту пак ќе биде пронајден нов револуционерен извор.
Вода
На последно место, но и како најважен и најнеопходен елемент кој во иднина ќе исчезне според научниците е водата. Иако 71% од површината на
Земјата е покриена со вода, онаа што е за пиење секако недостига.