X
 25.12.2017 Наука

Деветмесечната еволуција на отцепувањето на ледениот брег од Антарктикот

тајмлепс
Фото: Nasa Earth Observatory

Во јули огромна пукнатина на ледениот гребен „Ларсен Ц“ на Антарктикот предизвика отцепување на третиот по големина леден брег во историјата. Ледениот брег, наречен „А-68“, е прилично голем: приближно колку областа на Делавер со маса од 5,5 планини Монт Еверест и доволен обем да го наполни езерото Ири повеќе од двапати.

Адријан Лакман, научник кој ги проучува глечерите на Универзитетот „Свонси“, користел поларен сателит наречен „Сентинел-1“ заедно со други истражувачи за да го следат ледениот брег уште пред неговото „раѓање“.

Во средата Лакман ја објави неговата анимација на „Твитер“. Анимацијата во неколку секунди ги прикажува сателитските снимки што се одвивале во текот на девет месеци.

Во продолжение е дадена анимацијата забавена за да се прикажат раѓањето и еволуцијата на ледениот брег.


Во првата половина од анимацијата, од март до почетокот на јули, може да се види голем расцеп од југ кон север. Веќе во средината на јули големиот леден брег се одделува од ледениот глечер.

Останатиот дел од видеото покажува како „А-68“ плови во морето Ведел. На крајот, ледениот брег се топи во морската вода, што испарува и навлегува во облаците, дождот, снегот итн.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука