Продажбата на автомобили во светот во првата половина од годинава е намалена за 7,1 отсто во споредба со истиот период во минатата година.
Според ВДА и АЦЕА, речиси сите значајни пазари се во пад, раст е регистриран само во Бразил.
Оваа година се продадоа 3,1 отсто помалку автомобили во Европа, додека во Кина – 14 отсто помалку.
Во Кина се продадени 1,6 милиони помалку автомобили што може да предизвика големи проблеми за речиси сите производители кои последниве години инвестирале во Кина, очекувајќи брз раст на продажбата.
Голем пад на продажбата на автомобили има и во Индија за 10,3 проценти.
Намалена е побарувачката за автомобили во САД, Русија, Јапонија и други земји.
Има значителни падови на пазарот во Европа, особено во Скандинавија.
Само Литванија и Романија забележаа силен раст на продажба на нови автомобили.
Извор: МИА