Психијатрите ги делат психопатите на две категории, според Џејмс Фалон, невролог на медицинската школа „Ирвин“ при Универзитетот во Калифорнија, кој специјализирал во изучување на психопатите. Според Фалон, во првата категорија се класичните психопати, а втората ги вклучува секундарните психопати, дефинирани и како социопати, пренесува „Дејли стар“.
Во илустрација објавена од медиумот се покажуваат разликите помеѓу класичните психопати и социопатите. Меѓу другото, психопатите ја развиваат состојбата во првите години од животот, додека социопатите стануваат такви како последица на влијанието на околината, обично пред пубертетот. Генетиката игра помала улога кај социопатите, а психопатите се резултат на комбинација од гените, мозокот и околината.
Фото: Pixabay
Состојбата на психопатите се влошува во текот на животот со тоа што тие престануваат да реагираат на казни, страв, стрес или неодобрување. Кај социопатите, состојбата станува помалку опасна со текот на времето, па тие стануваат поранливи на стрес, анксиозност и срам.
Друга разлика е тоа што психопатот може да ги потисне антисоцијалните импулси доколку му одговара, а социопатот станува гневен кога се соочува со лошо искуство.
Конечно, психопатите не се способни да сочувствуваат со другите луѓе, иако некогаш глумат дека чувствуваат нешто. Социопатите, од друга страна, може да ги чувствуваат емоциите на другите и имаат и сопствени чувства.
Извор:
The Daily Star