Сите сме под стрес, поради работата, приватните врски, па дури и поради слушање вести. Понекогаш наједноставното решение е долга прошетка за да размислувате за други нешта освен за оние што ве вознемируваат.
Во „
Вол стрит журнал“ објавиле различни техники за справување со стресот кои произлегуваат од неколку експерти. Некои од нив се веќе познати, како идентификување на причината за стресот или фокусирање на длабоко дишење, но постои и една уникатна – допирање.
Џули Бартлес е лиценциран клинички социјален работник и ја објаснила оваа техника. Исто така се нарекува и „техника на емоционална слобода“ и функционира на многу едноставен начин. Како прво, мора да кажете наглас поради што сте под стрес, а потоа да го оцените стресот од 1 до 10. Потоа, со два прста допрете го врвот на својата глава и повторувајте ја причината за вашиот стрес и она за што се грижите. Потоа направете го истото додека прстите ги поставувате под вашите веѓи, над вашите веѓи, на вашата брада, клучната коска, а потоа на вашето торзо.
Кога ќе завршите со ова, одредете бројка од 1 до 10 за да ја оцените јачината на стресот. Ако оцената е висока, повторувајте ја техниката додека не го оцените стресот со број 1.
Ако ви е потребно брзо враќање на концентрацијата и доведување на стресот на ниско ниво, ова може да биде одличен трик и е препорачливо да го примените.