X
 31.05.2017

Според психолозите, секој од нас крие 13 тајни!

Ново истражување поврзано со психологијата на чувањето тајни категоризирало повеќе од 13.000 тајни.

За целта на истражувањето, тајната била дефинирана како било која информација која една личност имала намера да ја сокрие од еден или повеќе индивидуалци.

Истражувањето најпрво било објавено во „Journal of Personality and Social Psychology“ во мај, чиј ко-автор бил Мајкл Слепиан и било додадено на неговото истражување од 2012 година кое открило дека луѓето на кои им било одвлечено вниманието од тајна имале тенденција да ги проценат задачите како понапорни отколку што се во реалност.

Оваа искривена перцепција дури и значела дека тие мислеле  дека далечината била подалеку, а ридот поостар отколку што бил навистина.

Тајните кои ги чуваме

Од 1.000 учесници било побарано да опишат тајна која ја чувале. Потоа тајните биле разгледани од истражувач, кој рачно создал 38 широки категории на кои тајните припаѓале.

На пример, крадење од лице познато за лицето кое чува тајна и крадење од организација биле ставени во категоријата „кражба“.

Биле направени разлики помеѓу работи како емоционалното неверство (флертување) и сексуалното неверство (изневерување).

34 од категориите биле претставени во прилогот на истражувањето заедно со прашалникот.

- Повреда на друго лице
- Употреба на дрога
- Навика/зависност
- Кражба
- Нелегални активности
- Самоповредување
- Абортус
- Траума
- Лажење
- Прекршување на довербата
- Романтична желба
- Романтично незадоволство
- Екстра-релациони мисли
- Емоционално изневерување
- Сексуално изневерување
- Бил/а со друг/а жена/маж во нечија врска
- Социјално незадоволство
- Мамење на работа
- Неквалитетно работење
- Предлог за брак (планирање)
- Изненадување
- Хоби
- Тајна врска
- Семеен детал (нешто кое семејството го чува во тајност)
- Бременост
- Сексуална ориентација
- Сексуално однесување
- Немање секс
- Наклоност (преправање да сакате нешто што всушност не го сакате)
- Верување или идеологија
- Финансии
- Вработување (тајна работа)
- Амбиција
- Необично однесување

Некои од тајните биле толку лично за учесниците така што тие не можеле да ги стават во една од овие категории.

13 тајни


Истражувањето ги покажало категориите на нови учесници. Во просек, секоја личност имала најмалку 13 тајни од листата. Според истражувањето, најмалку пет од нив биле оние кои никогаш не биле споделени со друг.

Најчести тајни:


60% - лажење или финансиски неправилности
47% - повреда на доверба
33% - кражба, скриена врска или незадоволство на работа
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk