X
 30.07.2021 Живот

Се менуваат правилата за вакцинираните при влез во Хрватска и во Австрија

Се менуваат правилата за влез во Хрватска и во Австрија за лицата што се вакцинирани против ковид-19.

Имено, сертификатот за вакцинација не треба да биде постар од девет месеци при влезот во Хрватска. Во спротивно, лицето ќе треба да приложи негативен резултат од ПЦР-тест, антигенски тест или доказ за прележан ковид-19 не постар од шест месеци. Ова правило било објавено на веб-страницата на хрватското министерство за внатрешни работи, пренесува „Нова“.

На списокот со вакцини што ги признава Хрватска се оние одобрени од Европската агенција за лекови, но и „Спутник V“ и „Синофарм“. Хрватска претходно најавила дека ќе биде една од првите држави на Балканот што ќе ги вакцинира своите жители со трета доза вакцина против ковид-19.


Фото: Pixabay

Кога станува збор за Австрија, за влез е потребен сертификат за вакцинација со кој се докажува дека од примањето на втората доза поминале најмногу девет месеци. Во спротивно, потребен е доказ за негативен резултат од ПЦР-тест, антигенски тест или доказ за прележан ковид-19 пред не повеќе од 6 месеци.

Може да се помине границата и со потврда за присуство на антитела не постара од три месеци.

Извор: Nova
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот