X
 06.01.2016 Живот

Државата обезбедува финансиска поддршка за иселување од Хрватска

Hrvatska

 

Еднократна финансиска помош и надоместок за патните трошоци и трошоците за селење можат да добијат оние кои наоѓаат работа надвор од Хрватска, доколку новото работно место им е оддалечено повеќе од 80 километри од местото на живеење и доколку се регистрирани од агенцијата за вработување на Хрватска.


Мал број на луѓе се запознаени со финансиските права кои можат да ги реализираат доколку се регистрирани од хрватската агенција за вработување. Одлуката за еднократна парична помош и надоместок на патните трошоци ги објаснува условите за користење на овие права.

Невработеното лице кое го заснова работниот однос на друго место на шест месеци или подолго, и поради тоа го менува местото на живеење, има право на ваква еднократна парична помош во висина од 150 евра. Оваа личност може да има право на надоместок за патните трошоци за себе, доколку се сели сама и доколку се сели со брачниот другар и децата.

Навработените лица кои ќе имаат работен однос на друго место, а не го променат местото на живеење, исто така имаат право на надомест за патните трошоци, но само за себе. Патничките трошоци и трошоците за селење се само за едно патување од претходното место на живеење до местото кадешто личноста се вработува. Патните трошоци се надоместуваат според висината на реалниот износ на трошоците за јавен превоз (воз или автобус), односно 40 евра по лице, додека трошоците за селење се во висина од 50% од најевтините превозни средства, односно најмногу до 150 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот