Странците од 1 јули следната година ќе можат да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања. Досега тоа беше можно само доколку странците имаа фирма во земјата, пренесува хрватски „Пословни дневник“.
- Досега странците можеа да купат земјиште само доколку отвореа фирма во Хрватска, а од 1 јули следната година ќе можат да купуваат без ограничувања - изјави експертот за недвижности Санин Растовац.
Тој додаде дека сè ќе биде полесно откако Хрватска од следната година ќе влезе во Шенген.
Хрватска сè уште е најевтина во Европската Унија во однос на цената на земјиштето, со околу 3.400 евра по хектар обработливо земјиште. Додека, на пример, во Словенија цената е во просек 20.000 евра по хектар. Најскапа е Холандија со 70.000 евра, забележува „Пословни дневник“.
Извор: МИА