Сè повеќе припадници на генерацијата Z и милениумците чувствуваат прегорување на работното место.
Едно истражување од 2021 година покажало дека припадниците на овие две генерации кои работат пријавиле најголем процент на прегорување во однос на другите генерации. Дури 59 отсто од припадниците на генерацијата Z и 58 отсто од милениумците изјавиле дека чувствуваат прегорување.
Процентот на лица кои се соочуваат со прегорување растат најбргу кај генерацијата Z. Според друго истражување спроведено годинава, процентот на лица што чувствуваат прегорување е најголем кај генерацијата Z во однос на другите генераци.
Прегорувањето веќе стана значаен проблем во работната околина, но станува загрижувачки колку голем процент млади луѓе се соочуваат со него, особено на почетокот на кариерата.
Фото: Freepik
Некои психолози тврдат дека причината за ова е недостаток на моќ на работното место и финансиска нестабилност, поради што оставката не е опција. Припадниците на генерацијата З имаат најмалку капитал, па не можат да поставуваат толку граници и да одбиваат задачи како претходните генерации.
Овие млади луѓе се загрижени за парите бидејќи изнајмувањето сместување е скапо, храната и намирниците за живот поскапуваат, а платите се ниски. Поради тоа, многу припадници на оваа генерација се одлучуваат за работење две работи, што ги зголемува шансите за прегорување.
Извор:
Studentski
Насловна фотографија: Freepik