X
 30.08.2018 Живот

На оваа држава ќе ѝ бидат потребни 128 илјади пилоти

До 2037 година во Азија ќе бидат потребни повеќе од 240.000 пилоти и 317.000 члена на екипаж, предвидуваат од „Боинг“, еден од светските лидери во производството на патнички авиони.

Големиот економски раст на целото азиско-пацифичко подрачје и развојот на новите туристички услуги, како лет на хеликоптери и приватни луксузни авиони, создаваат потреба за огромен број на екипаж и пилоти.

- Постои голема потреба за пилоти во азиските држави и очекуваме така да продолжи и во следните неколку години - истакна Кит Купер од „Боинг“.

Оваа компанија го подели азискиот пазар на три дела од кои може да се види каде има најголема потреба за работна сила.

Вака приближно изгледа сликата:
  • На Кина ќе ѝ бидат потребни 128.000 пилоти, 126.750 инженери, 147.250 члена на екипажот;
  • Во Југоисточна Азија ќе бидат потребни 48.500 пилоти, 54.000 инженери и 76.250 члена на екипаж;
  • Во Јужна Азија ќе бидат потребни 42.750 пилоти, 35.000 инженери и 43.250 нови членови на екипаж.
Аналитичарите исто така порачуваат дека недостигот на пилоти претставува голем проблем за понатамошниот раст и развој на авиоиндустријата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот