X
 01.06.2023 Економија

Во првото тримесечје од 2023 година имало 9.467 слободни работни места, најмногу за работници во услужни дејности и продажба

Во првото тримесечје од 2023 година во Македонија имало 9.467 слободни работни места, објави Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,70% има секторот административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,45%. Не гледајќи ја стапката, податоците за слободни работни места според сектори на дејности покажуваат дека во првите три месеци од годинава најмногу работници недостигале во преработувачката индустрија (2.424), трговијата на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1.777) и административни и помошни услужни дејности (840).

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,20%. Истовремено, ако се фокусираме само на бројот, а не на стапката, најмногу слободни работни места имало во деловните субјекти со 50 до 249 вработени, вкупно 3.003.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,93% и таму во првото тримесечје од годинава имало 1.527 непополнети работни позиции. Инаку, според бројот, најмногу слободни работни места имало во Скопскиот Регион, вкупно 4.297.

Најголем број слободни работни места, односно 2.568, има во групата на занимања работници во услужни дејности и продажба.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија