X
 30.08.2023 Наука

Од Тихиот Океан се извлечени метални сфери кои не се од нашиот Сончев Систем

Познатиот физичар Ави Лоеб од Универзитетот „Харвард“, кој со години истражува дали има живот на други планети, вели дека резултатите од првата анализа на ситни фрагменти што неговиот тим ги извади од Тихиот Океан во јуни укажуваат на тоа дека тие потекнуваат од друг ѕвезден систем.

Станува збор за околу 700 мали метални топчиња кои содржат легури кои не се совпаѓаат со ниту една постојна легура во нашиот Сончев Систем. Не се знае дали овие топчиња се од вештачко или од природно потекло.

- Ова е историско откритие бидејќи првпат луѓето имаа во своите раце фрагменти од голем објект кој пристигна на Земјата од друг сончев систем - напишал Лоеб.

Научниците поминале две недели во близина на Папуа Нова Гвинеја за да ги извадат остатоците од необичен метеорит кој влегол во атмосферата на Земјата во 2014 година. Целата експедиција е финансирана од американскиот милионер Чарлс Хоскинсон.



Со години никој не се интересирал за податоците снимени од сензорите на американската Влада сѐ додека Ави Лоеб и Амир Сираџ, кој тогаш бил студент на „Харвард“, не ги пронајдоа во 2019 година и ги објавија своите наоди. Требаше да поминат уште три години додека американската вселенска команда не објави во писмо до НАСА, во март 2022 година, дека остатоците се од друг сончев систем.

Парчињата се од метеорит со пречник од само 45 сантиметри кој удрил во атмосферата на Земјата на 8 јануари 2014 година, откако патувал низ вселената со брзина од над 210.000 километри на час. Ова е брзина која значително ја надминува просечната брзина на метеорите кои орбитираат во рамките на Сончевиот Систем.

Извор: Jutarnji
Насловна фотографија: X
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука