X
 30.09.2016 Живот

Погледнете како тонел Титаник во реално време

На анимацијата што трае два часа и четириесет минути може да се види како потона некогаш најголемиот патнички брод на светот.

Најзабележително на видеото е времето за кое потона Титаник, што трае многу подолго отколку што се чинеше.

Сепак, тоа не ја намалува напнатоста што може да се почувствува на самиот крај од снимката, кога се наведува дека на бродот останаа уште 1500 луѓе, во моментот на распаѓањето.

Британскиот патнички брод потона на 15 април 1912 година, на патот од Саутемптон до Њујорк, откако се судри со ледена санта.

Точниот број на жртви не е познат. Експертите претпоставуваат дека на бродот се наоѓале 2227 патници, а дека бројот на настрадани достигнал најмалку 1517 луѓе.

Автор на анимацијата е студиото „Four Funnels Entertainment“ кое се занимава со производство на видеоигри.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот