На интернет се појави вирално видео од несекојдневна средба на човек со грбав кит на кое се гледа необично однесување на животното. Видеото, објавено од Броди Мос, познат инфлуенсер од Австралија, е снимено од кајак и го документира моментот во кој опашката на грбав кит стои неподвижна над мирната површина на океанот. Мос бил изненаден од сцената што ја снимил.
- Мислам дека е опашка од кит. Само што дојде и ја подигна опашката и не оди никаде. Не знам ни што да кажам - се слуша како вели на видеото.
Во видеото можете да видите и бебе кит како плива околу подигнатата опашка, а можете да ги слушнете и звуците на два кита кои комуницираат меѓу себе. Ваквото однесување, каде што опашката на китот е насочена нагоре, ги интригира научниците со децении и често се нарекува „пловидба со опашка“. Во 2019 и 2020 година, компанија за набљудување китови во Западна Австралија снимила слични примери на такво однесување.
Ваквото однесување на китовите не е ограничено само на австралиските води, бидејќи биле пријавени случаи и на брегот на Бразил. Интересно е тоа што научниците од Бразил забележале дека за време на пловењето со подигната опашка, китовите често полека ги виткаат опашките, што имплицира ротација по надолжната оска. Ова однесување е забележано во различни контексти, вклучително и кај осамени китови, мајки китови, па дури и бремени китови. Кога мајките го имале ова однесување, нивните младенчиња обично се гледале како пливаат околу нив.
Точната цел на феноменот, сепак, останува мистерија. Хипотезите сугерираат дека ова би можело да биде форма на одмор за мајките китови, што ќе им овозможи да ги следат своите млади додека се наопаку. Ладењето исто така може да биде фактор бидејќи изложувањето на опашката на ветрот може да помогне во регулирањето на температурата на китот.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)