X
 30.09.2019 Живот

Легализација на „уличните Моцарти“ во Виена

Уличните продавачи на карти за концерти во Виена, кои се облекуваат како славниот австриски композитор Волфганг Амадеус Моцарт, отсега ќе мора да поседуваат дозвола за работа.

Се работи за регулирање на незаконската продажба на билети за концерти на класична музика, која во последниве години зема сѐ поголем замав. Класичната музика е заштитен знак на главниот град на Австрија.

На секое пофреквентно место во Виена може да се сретнат луѓе со карти, облечени во барокни костими, со бели перики со опавчиња, кадифени јакни и старински чевли, само за да личат на Моцарт (1756 – 1791). Повеќето од тие „диви продавачи“ работат за организаторите на концерти помали од оние што се одржуваат во големите виенски музички институции и сали.

Туристите често се жалат на лошиот квалитет на концертите за кои билетите ги купиле на улица.

Покрај дозволата за работа, тие ќе мора својата дејност да ја вршат исклучиво на места предвидени за тоа, кои дополнително ќе се утврдат.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот