X
 06.02.2023 Живот

Овој европски град моментално бара 55.000 работници од сите профили

Новото истражување на Стопанската комора на Виена потврди дека има голем дефицит кога станува збор за квалификувана работна сила.

Ова не е ново, но проблемот се продлабочува.

Само на виенските компании ќе им требаат 55.000 квалификувани работници во следните три до пет години. Резултатот од анализата на потребниот образовен кадар покажа дека побарувачката ги опфаќа сите образовни кадри: од занаетчии, преку високи школи, до технички и други факултети.

Истражувачкиот институт „Макам Рисрч“ анкетирал 925 виенски компании кои вработуваат 80.000 луѓе. Речиси една петтина од бараните квалификувани работници се поврзани со занает.

Истовремено, на почетокот на новата година виенските компании вработиле 20 отсто повеќе практиканти во споредба со претходната година. Побарувачката за дипломирани студенти на техничките факултети и универзитети останува висока.

Повеќе од една третина од виенските компании во наредниот период ќе бараат технички образован кадар, најмногу техничари и ИТ-експерти. Во споредба со претходните години, побарувачката за матуранти од комерцијални и средни училишта е значително поголема.

Од гледна точка на компаниите, она што би го подобрило образованието се практичната настава во текот на школувањето, подобра соработка со стопанството и деловната ориентација како предмет во средните училишта.

Една четвртина од анкетираните компании ја прошириле обуката на вработените за време на пандемијата, а четири од десет ИТ-компании планираат дополнително да ја прошират обуката на вработените во следните три до пет години.

- Потрагата по квалификувани работници е еден од најголемите предизвици за стопанството. Побарувачката порасна уште повеќе. Главната цел е да се преземат мерки кои брзо и долгорочно ќе го решат недостигот на квалификувана работна сила - изјави Валтер Рук, претседател на Стопанската комора на Виена.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот