X
 09.06.2020 Живот

Оваа земја ќе воведе билет од три евра на ден за целиот јавен превоз

Владата на Австрија следната година ќе воведе годишен билет од три евра дневно за целиот јавен превоз, вклучувајќи ја и железничката, најави австриската министерка за инфраструктура Ленор Гевеслер.

Таа изјави дека е обезбедена потребна дотација од 240 милиони евра.

Австриската влада со коалициски договор предвидува годишен билет од едно евро на ден за користење на јавниот превоз во една покраина, за две евра во две покраини и за три евра на ден во целата држава.

Според одлуката на владата на Австрија, годишниот билет за целата земја ќе чини точно 1.095 евра, што е големо намалување во споредба со сегашната цена затоа што само годишниот билет на австриските железници ОеББ за цела Австрија, за втора класа, чини речиси двојно повеќе, односно 1.944 евра.

Гевеслер најави зголемување на бројот на ноќните возови, поради што OeББ ќе купи нови возови за 500 милиони евра.

Владата на Австрија сака ноќни возови на сите линии во земјата од 2024 година и ќе ги субвенционира со 10 милиони евра годишно.

Oвие мерки се преземаат во исто време кога се донесе одлука да се откажат летовите што се пократки од 350 километри, а прва „жртва“ на таа одлука е летот од Виена кон Салцбург, линија што сега ќе ја преземе железницата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот