X
 30.09.2019 Образование

Можност за бесплатно менторство за студенти преку иницијативата на Beyond Machines Knowledge

Иницијативата е замислена да им помогне во развојот на кариерата на млади професионалци преку програми за бесплатно (про-боно) менторство на студенти. Првата иницијатива се фокусира на нетехнички знаења (soft skills)

Божидар Спировски, основач и ментор на иницијативата Beyond Machines Knowledge, нуди бесплатна помош за студентите од нашите факултети преку програма за менторство да развијат нетехнички знаења кои се корисни за нивната деловна кариера. Од средината на oктомври иницијативата ќе почне со својата прва менторска програма.
Божидар Спировски работи повеќе од 20 години во повеќе индустрии како инженер, раководител на технички тимови и раководител на тимови на информативна сигурност.

Страницата на иницијативата е https://www.beyondmachines.net/.



Што е Beyond Machines?    

Причината за започнување на оваа иницијатива е да им помогне на млади луѓе да го прошират својот професионален развој со клучни нетехнички вештини:

* Деловна писменост - разбирање за потребата од ефикасни презентациски вештини, пишана и вербална комуникација во деловна околина.

* Разбирање и развивање добра соработка - луѓето можат да работат добро заедно, но сите вклучени мора да ја поддржуваат соработката со помагање и верување едни на други.

* Работење да се разберат деловните цели - не секогаш се работи за технологија. Се работи и за пазар, корисници, профит, информации.

* Свесност за управување со време и со тим - не е тривијално да се биде свесен дека сите ние сме само луѓе кои можат да задоцнат, да бидат дефокусирани или да немаат дисциплина во работата при испорака на задачи и управување со ризици. Сите се соочени со ваков предизвик, започнувајќи уште со тимски проектни задачи во училиште.

* Свесност и разбирање на приоритетите во деловна околина - не е секогаш најважно да се продаде нешто. Но сите треба да бидат свесни и да разбираат што е важно за компанијата, не само менаџментот.

* Свесност и способност да се комуницира балансот на ризик/профит при носењето одлуки.

* Комфор за секојдневна работа на англиски јазик кој е норма во услови на глобализација каде што и клиентите и колегите се од други држави, па дури и континенти.

Прва програма во рамките на иницијативата Beoyond Machines Knowledge e Humans Beyond Cyber - про-боно програма наменета за студенти која во тек на 12 седмици преку лично менторство и групни сесии ќе работи на унапредувањето на нетехничките знаења на шест учесници. Бројот на учесници е ограничен заради моделот на лично менторство кој повлекува голем ангажман на менторот надвор од работното време.



Што може да се научи од програмата Humans Beyond Cyber?

* Да добијат совети и мислење за нивните перформанси како професионалци и совети за понатамошен развој од менторот, останатите учесници и гостите експерти од повеќе индустрии.

* Да се здобијат со разбирање за тоа што значи да бидат дел од тим кој работи во култура на соработка.

* Да научат да гледаат подалеку од технологијата и да се фокусираат на бизнисот.

* Да развијат повеќе вештини за презентирање, известување и дискусија со нетехнички менаџери кои носат одлуки.

* Да го согледаат опсегот на предизвиците со кои се соочува организацијата во однос на информативна сигурност/cybersecurity.

* Да изградат нешто и да се обидат да го срушат/расипат.

Учеството во програмата Humans Beyond Cyber е бесплатно. Разгледајте ги деталите на програмата и аплицирајте на веб-страницата https://www.beyondmachines.net/knowledgeprograms/humans-beyond-cyber-mentoring-program

Инаку, Спировски моментално работи како Chief Information Security Officer во компанијата H4 и се фокусира на развој на успешен и интегриран information security тим кој ѝ помага на организацијата да управува со безбедноста на информациите. Учесник е на повеќе регионални конференции како гостин предавач (INFOSEK Slovenia, Microsoft Vizija и други).
Иницијатор е и еден од организаторите на cybersecurity настанот и предизвик Swiss Chese 2019.
Во периодот од 2008 до 2012 го води блогот Information Security Short Тakes.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование