X
 20.12.2015 Живот

Работи што мораш да ги направиш пред да најдеш работа

Ода на слободното време: не знаеш што имаш, сѐ додека не го изгубиш. Можеби звучи лудо, но никогаш нема да имаш толку слободно време за да уживаш како сега, додека си на факултет.

Дали знаеш што се случува после завршувањето на студиите? Ако имаш среќа, нема веднаш да најдеш работа.

Можеби после дипломирањето веднаш ќе сакаш да пронајдеш стабилна работа, но ако не се случи тоа веднаш, немој да бидеш во депресија. Како студент, си научен да живееш скромно и со малку пари, па уште еден таков месец можеш да поднесеш. Понекогаш доаѓа до спонтано патување со пријателите или пак одење на концерт на средина од неделата и на предавања или пак на трибина во претпладневните часови. Но, кога ќе пронајдеш работа, повеќе сето тоа нема да можеш да го правиш.

Затоа важно е да направиш неколку работи пред да пронајдеш постојана работа која од тебе ќе бара секој ден да си станат најмалку во 8 часот, да се посветиш на работата. Слободата, времето за волонтирање, спонтаното дружење, патувањето, сето тоа ќе биде зад тебе.

Да станеш практикант или приправник

Нека ова биде првиот сериозен чекор во твојата кариера. Големи се шансите после дипломирањето да не ја најдеш работата од соништа, а можеби ни работата за која си дипломирал. Нема врска. Во овој период можеш да прифатиш работа која е послабо платена, доколку навистина уживаш во неа, или пак работа која ќе ти помогне финансиски. Важно е да стекнеш работно искуство бидејќи паузите ниту еден работодавец не ги гледа позитивно. Стручните пракси, летните школи, приправничката работа, побарај ги додека се`уште си на факутлет. Така ќе запознаеш луѓе и ќе стекнеш искуство пред да завршиш на пазарот на трудот.

Работи хонорарно како преведувач или писател

Ова е одличен начин да го збогатиш твоето CV и списокот на работни места. Пред сѐ, ќе бидеш објавуван автор, што е одлично, а во зависност од публикацијата во која објавуваш - можеш да заработиш пари. Зошто да не се занимаваш со некоја хонорарна работа додека чекаш добра можност за работа? Ова е идеално бидејќи сам го одредуваш темпото и динамиката на одредување на работа, колку време работиш и колку работиш. Покажи дека си активен дури и ако немаш постојана работа, пишувај за разни портали кои можеби не плаќаат многу, но зад себе ќе оставиш трага, ќе бидеш видлив на Google и ќе покажеш дека сакаш да работиш.

Волонтирај

Кога ќе пронајдеш постојана работа, едноставно нема да имаш време да ги трошиш слободните часови во волонтирање, барем не во поголема мера. Можеби од време на време ќе можеш да помогнеш во некоја хуманитарна акција, но верувај дека времето навистина ќе биде пари, откако ќе се вработиш. Затоа искористи го овој слободен период да волонтираш.

Научи нешто ново

Без разлика дали се работи за вештина, странски јазик или спортска активност која се`уште не си ја пробал, сега е совршено време за учење на нови работи кои те интересираат. Не само што ќе го збогатиш CV-то, туку и ќе создадеш нови пријатели и познанства, а верувај дека тоа значително ќе се намали откако ќе се вработиш; ќе бидеш опкружен со колегите од работа, времето ќе го поминуваш со саканата личност и пријателите и се` повеќе и повеќе ќе го редуцираш кругот на познаници бидејќи ќе немаш време за трошење за површни односи.

Додека не најдеш работа, запомни:

- Излегувај и дружи се колку што е можно повеќе
- Патувај колку што е можно повеќе
- Уживај во пријателите бидејќи и тие наскоро ќе најдат работа, ќе имаат деца, ќе се преселат...
- Уживај во можностите спонтано да се наоѓаш со пријателите
- Уживај во можноста да го прескокнеш предавањето и да седнеш на кафе со пријателите наместо да присуствуваш
- Уживај во можностите да прошеташ кога ќе посакаш
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот