X
 30.09.2020 Образование

Избрани новите проректори на УКИМ

Ректорската управа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги избра проректорите чиј мандат ќе трае до 15 септември 2023 година. Ова се носителите на новите функции:

- Проректор за настава - проф. д-р Христина Спасевска, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
- Проректор за наука - проф. д-р Валентина Гечевска, редовен професор на Машинскиот факултет.
- Проректор за меѓународна соработка - проф. д-р Ордан Чукалиев, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна.
- Проректор за финансии, инвестиции и развој - проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје


Фото: УКИМ

Со првиот колегиум раководел ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, а покрај новоизбраните проректори присуствувал и генералниот секретар на УКИМ, м-р Марија Маневска. Присутните разговарале за реализација на програмската определба за развој на УКИМ за наредниот тригодишен период, која се очекува да се одвива во сложени услови предизвикани од пандемијата на Ковид-19.
Претходно е избран и претседател на Универзитетскиот сенат - проф. д-р Анета Баракоска од Филозофскиот факултет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование