X
 24.08.2021 Образование

УКИМ ќе продолжи со комбинирана настава од октомври, бара протоколи за високото образование

Предавањата во зимскиот семестар од академската 2021/2022 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје продолжуваат да се одвиваат со комбинирана настава, односно онлајн и со физичко присуство. Ова е заклучок на вонредната седница на ректорската управа.

- Покрај ова, испитната сесија, која е веќе тековна, исто така продолжува комбинирано, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со запазени сите мерки за заштита од ковид-19. Понатаму, беше донесен заклучок за овозможување отворање вакцинален пункт на Универзитетот со цел олеснување на процесот на вакцинација на студентите и кадарот на УКИМ - информираат од УСС УКИМ.

Оттаму посочуваат дека било разговарано факултетите сами да одлучат како ќе ја спроведуваат наставата.
Во меѓувреме, бараат од Владата да изготви протоколи за високото образование и да ги допрецизираат превентивните препораки и мерки за спречување на ширење на Ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование