X
 01.09.2019 Образование

Почнаа уписите на факултетите, Андреј сними филм за вонземјани за нула денари. Што истражувавме изминатата недела

Рубриката „Кога бев студент...“ овој пат ја отстапивме за интересните студентски анегдоти на писателот и универзитетски професор Александар Прокопиев

Уписите во новата академска 2019/2020 година ја заокружија оваа недела и темите што ги истражувавме. Интересот секаде е различен – на некои факултети вриеше од студенти, на други се пријавуваа одвај десетина. Ја објавивме приказната како Андреј Ѓорѓиевски за нула денари сними краток научнофантастичен филм, проблемот на менторите што подготвуваат ученици за меѓународни олимпијади, а системот овозможува друг да им ја земе паричната награда ако освојат медал. Ова се темите што ги истражувавме.



„Едни ги спремаат средношколците за олимпијади, други им ги земаат парите“ е насловот на текстот за проблемите со кои се соочуваат менторите кои ги подготвуваат учениците за меѓународни олимпијади. Станува збор за годишен паричен надомест од 144.000 денари за златен, 120.000 за сребрен и 96.000 за освоен бронзен медал.

проф. д-р Вјекослав Танасковиќ

Во интервјуто со проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна, тој вели дека во земјоделско-прехранбениот сектор секогаш има потреба од високообразован кадар, а здравата и безбедна храна ни е неопходна.
- Земјоделско-прехранбениот сектор е навистина богат и треба да се развива зашто има многу можности за работа – вели тој.

Андреј Ѓорѓиевски (лево) за време на снимањето

Македонска Каменица ја нападнаа вонземјани! Погледнете го филмот на Андреј направен за нула денари. Ѓорѓиевски е автор на сценариото, режисер, снимател... Го снимил за три дена со помош на неколку пријатели и без професионални актери.

Проф. Александар Прокопиев

Рубриката „Кога бев студент...“ овој пат ја отстапивме за интересните студентски анегдоти на писателот и универзитетски професор Александар Прокопиев. Вели: „Во прва година бев амбициозен, а потоа ме фати рокенролот и десетките се стопија“.



На вториот ден од првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ некои факултети се пред пополнување на квотите, а некои поминуваат и со по неколку пријавени кандидати за одредени насоки. На пример, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство биле поднесени повеќе од 900 пријави, а насоката новинарство на Правниот факултет има само 8 кандидати. Како поминаа факултетите на УКИМ во првиот уписен рок?



И оваа учебна година ќе почне без одамна ветуваната математичко-информатичка гимназија која покрај место за идните умови од оваа област, требаше да биде и центар за талентираните и надарените деца од сите градови во Македонија.
„Очекуваме учениците што ќе ја завршат гимназијата, по завршувањето на универзитетското образование (од прв, втор или трет степен, во земјата или во странство) да бидат креативна и иновативна сила која ќе ја унапредува државата“, пишуваше во извештајот за нацрт-законот за оправданоста за овој чекор.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование