X
 30.10.2015 Живот

Професор со креативна казна ги казнува студентите

Ванг Сиџунг, професор од Сичуан, Кина ги казнува неговите немирни студенти на доста интересен, но и напорен начин. Имено, тој им дава задача новиот кинески знак да го напишат 1.000 пати.

Зборот се однесува на шанкси јадење во кое има кнедли. Ванг бил инспириран после една негова посета во овој регион на почетокот на овој месец. Знакот се состои од 56 удари. Двајца студенти веќе ја добиле оваа казна.

Еден студент се откажал после 200 пати пишување, и на крајот се понудил да нацрта сто теракота војници. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот