X
 19.10.2021 Образование

Утре почнува скринингот, први ќе се тестираат средношколците во Скопје

Утре почнува скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а ќе трае помалку од една минута. Тоа е безболно и безбедно, со земање брис од грло и од носната шуплина.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање асимптоматски носители на вирусот ковид-19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисијата на вирусот во училиштата, во интерес на децата.

Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност. Скринингот ќе обезбеди безбедно одвивање на наставата и заштита на здравјето на децата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование