X
 30.10.2024 Живот

Над 50 лица загинаа во обилните поплави во Шпанија

Најмалку 50 лица загинаа во силните бури и поплави што предизвикаа хаос низ Шпанија, соопштија локалните власти.

Бројот на загинати се очекува да расте како што продолжува потрагата по исчезнатите лица, а властите издадоа предупредување луѓето да се држат понастрана од патиштата.

Повеќе од 1.000 војници од единиците за вонредни ситуации на Шпанија беа распоредени во погодените области.

Во вторникот дождовите предизвикаа поплави во голем дел од Јужна и Источна Шпанија, со што беше предизвикано излевање на реките, поплави на улиците, домовите и полињата, а надојдените води однесоа и автомобили и дрвја.

Делови од регионот Валенсија немаат струја, а телефонските линии беа во прекин. Некои области се отсечени поради поплавените патишта.

Регионалниот претседател на Валенсија, Карлос Мазон, ги повика луѓето да останат дома за да не се комплицираат напорите на спасувачите, бидејќи патувањето по пат е тешко поради паднатите дрвја и уништените возила.

Шпанија сè уште закрепнува од тешката суша на почетокот на оваа година. Научниците велат дека зголемените епизоди на екстремни временски услови веројатно се поврзани со климатските промени.

Извор: Cbsnews.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот