X
 30.11.2019 Култура

Ова е најнепосетената европска држава, а се наоѓа во срцето на Европа и е прекрасна

Како е можно толку убава земја да биде најмалку посетувана во Европа? Според „Бизнис инсајдер“, Сан Марино е дури поубава и од Тоскана, но во моментов е изгласана како најмалку посетена земја во Европа.

Според Светската организација за туризам на Обединетите нации, Сан Марино, иако најмалку посетена европска земја, е полна со бујни лозја и ридови, нуди прекрасно сместување, романтични ресторани и тесни, камени улички.

Во срцето на Сан Марино има тврдина изградена на врвот на рид. Со други зборови, ова е место како „Дизниленд“ за возрасни или Тоскана без метеж. Оваа земја е позната како најстарата демократија во светот. Сан Марино е држава што е горда на фактот дека во последните 60 години имала повеќе жени на чело отколку која било друга земја.

View this post on Instagram

Италия 🇮🇹- волшебная страна 🥰. Ты покорила моё сердце навсегда ❤️🥰😍. За эти несколько дней мы посетили : 💫Римини 💫Флоренцию 💫Независимое государство Сан-Марино 💫Рим Вот вам несколько фактов о Сан-Марино 🇸🇲. ✅ Это карликовое государство со всех сторон окружено Италией и достаточно дня, чтобы его объехать на машине 🚙. ✅ Эта страна ведёт свой собственный календарь, где точкой отсчёта выступает дата основания Республики Сан-Марино, так что в Сан-Марино сейчас XVII век 😃. Вообщем у них 2 календаря. ✅ В стране очень низкие налоги, поэтому она является очень привлекательной для жизни 🌈 и бизнеса 💰. В Сан-Марино практически невозможно получить гражданство. Чтобы получить паспорт этой страны, нужно прожить на ее территории не менее 30 лет, либо выйти замуж за санмаринца и прожить с ним 15 лет в счастливом браке 😁. ✅ В центральной части Сан-Марино невозможно купить дом 🏠, всё передаётся от поколения к поколению. ✅ В Сан-Марино проживает около 33 тыс. человек и есть своя армия, правда в неё входит около 100 человек. ✅ Республика не является членом НАТО и Евросоюза. _________________________ #италия#итальянскиеканикулы#красивыевиды#красотаспасетмир#эмоции#путешествие#travel#italy#путешествиевиталию#прекраснаяиталия#санмарино#sanmarino#люблюпутешествовать#счастливыемоменты#времяостановись#жививкайф#моментысчастья#жизньпрекраснаиудивительна#трип#армрестлинг#armwrestling#армспорт

A post shared by IRINA GLADKAYA (@irina_gladkaya_) on


Сан Марино е една од најмалите земји во светот и трета најмала европска земја. Од неа помали се само Монако и Ватикан. Во Сан Марино живеат околу 34.000 луѓе, а територијата на оваа мала држава целосно е опкружена од Италија.

Историјата на демократијата во оваа земја е стара над 17 века, па многумина ја нарекуваат најстарата континуирана демократија во светот.

Сан Марино е најмалку посетена земја во Европа, надминувајќи ја Лихтенштајн, друга микродржава.

Бидејќи целосно се наоѓа на Апенинскиот Полуостров, не изненадува тоа што пејзажот на Сан Марино во основа е ист како италијанскиот, особено сличен на оној во Тоскана. Тоа значи дека ги има истите бујни ридови, лозја и обработливо земјиште.

Според податоците од Светската организација за туризам, Сан Марино стана послабо посетена европска земја бидејќи во 2018 година само 84.000 луѓе ја посетиле оваа микроземја, што е раст од само 8 отсто во споредба со претходната година. Сепак, и овој податок зборува дека Сан Марино ја посетуваат двојно повеќе туристи отколку што има жители.

View this post on Instagram

San Marino is perched high upon a hill, offering amazing views of its surroundings. Many of these views can be caught by simply walking the streets but if you want to catch them from one of the historic towers, make sure to check the opening times beforehand as they close quite early.⁠ .....⁠ #collab with @inemiliaromagna #inemiliaromagna #bloville #sanmarino #sanmarinorepublic visitsanmarino #europe_gallery #europe_tourist #europe_vacations #europetravel #europetour #europe_tourist #igerseurope #igeurope #europetravel #europediaries #europediscovery #euro_shot #euro_shots #beautifulview #amazingview #instaview #viewpoints #viewfromthetop #cbviews #cityviews #beautifulviews #amazingviews #citybestviews #greatviews

A post shared by Sofie - WonderfulWanderings (@wonderfulwanderings) on


Ако пејзажите не се доволно добра причина да се упатите кон Сан Марино, тогаш дефинитивно добра причина се добро зачуваните повеќевековни замоци, каде што постојат одлични ресторани, а тука можете и да престојувате краток период, дури и да живеете ако имате доволно средства да си го дозволите тоа.

Сан Марино е одлично место доколку сакате да се одморите во тишина, опкружени со романтични предели.

Сан Марино нема аеродром, а најблиску е аеродромот во Болоња, оддалечен околу 130 километри. Освен тоа, во Сан Марино нема брег, така што ова ја исклучува можноста оваа земја да стане место каде што туристите ќе можат да крстосуваат. Нема ниту железничка станица, а важно е да знаете дека возењето до Сан Марино е прилично опасно. За да стигнете до градот, мора да возите по тесен пат, полн со кривини и мртви агли. Ваквото возење е секогаш стресно, без оглед на временските услови.

Сепак, вреди да се патува затоа што земјата ви дава чувство како да се наоѓате во рајот. Сан Марино дефинитивно треба да се види барем еднаш во животот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура